Search

Партијата на премиерката на Естонија постигна нов договор за коалициска влада

Естонската премиерка Каја Калас вчера изјави дека нејзината централнодесничарска Реформска партија постигнала договор со две други партии за формирање коалициска влада, пет недели по одржувањето на изборите во балтичката држава.

Реформската партија на Калас, која на парламентарните избори освои мнозинство од 31,2 отсто, ќе коалицира со центристичката партија Естонија 200 и Социјалдемократската партија.

– Овој договор гарантира дека Естонија е заштитена, дека можеме да продолжиме како независна и самоодржлива земја, рече Калас, која ќе остане премиерка.

Калас е премиерка на Естонија од јануари 2021 година, кога стана првата жена шеф на влада во земјата со 1,3 милиони жители.

Официјалното потпишување на коалицискиот договор треба да се случи во понеделник, по што Калас на претседателот Алар Карис ќе му ја врачи оставката на владата во заминување.

Се очекува тој и официјално да ја именува за премиер, по што пратениците ќе и изгласаат доверба на новата влада. 

Треба да знаете
Последни објави