Search

Димитриевски за две минути прими два гола од Атлетико, пораз на Рајо

Атлетико Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано, тимот на Столе Димитриевски се бореше до крај и покрај тоа што повеќе од половина час играше со фудбалер помалку.
 

Резултатот беше отворен во 22. минута кога Молина излезе сам пред Димитриевски и постигна гол за водство на Атлетико од 1-0.

Само две минути подоцна, по нафрлување од корнер, Хермосо даде гол, Атлетико Мадрид поведе со 2-0.

Во 62. минута ситуацијата за Рајо стана уште полоша откако Лехеуне доби директен црвен картон.

На пет минути до крајот Фран Гарсија постигна спектакуларен гол од далечина за намалување на 2-1. Рајо се врати во живот, но не успеа да направи изненадување, тоа беше конечниот резултат.

Треба да знаете
Последни објави