Search

УЈП, ДПИ и Финансова Полиција се на терен, се врши контрола на увозниците на зеленчук и овошје

Утринава Државниот пазарен инспекторат, заедно со финансова полиција и Управата за јавни приходи (УЈП) се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје.

Извори за „24инфо“ велат дека претставници на овие институции го „окупирале“ и кванташки пазар, каде се вршат детални контроли.

Со одлука на Владата од 5 април се определени највисоките цени во трговијата на мало за свежи домати, свежи краставици, кромид, карфиол, свежи зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Килограм свежи домати може да се продава најмногу за 70 денари за килограм, свежите краставици до 75 денари за килограм, килограм кромид до 60 денари, килограм карфиол до 70 денари, килограм свежи зелени пиперки до 90 денари, килограм грав до 75 денари, килограм леќа до 110 денари, килограм банани до 70 денари, килограм портокали до 55 денари, килограм мандарини до 60 денари и килограм лимони до 55 денари.

Треба да знаете
Последни објави