Search

Оливија Вајлд се обидува на суд да го принуди своето поранешно момче да ѝ плаќа издршка

Иако се чинеше дека Оливија Вајлд и Џејсон Садејкис ги закопале воените секири кога беа фотографирани како се гушкаат на паркинг во Лос Анџелес во јануари, „Д’ бласт“ објави документи според кои актерката сака да докаже на суд дека таа покрива 100 отсто од трошоците на згрижување децата.

Ова, наводно, вклучува хранa, облека и воннаставни активности за синот Отис (8) и ќерката Дејзи (6), кои живеат со неа. Според овие информации, единственото нешто во што учествува нејзиниот поранешен свршеник се трошоците за школарина. Вајлд бара од судот да го принуди да плати издршка за да може на децата да им пружи нега во склад со неговиот животен стандард.

Оливија (39), која е осум години постара од Џејсон, наводно бара од него да плати дел од трошоците за адвокати и сметководители. Адвокатката Лаура Васер, во нејзино име, поднесе барање до судот Садејкис да ѝ исплати 500.000 долари надокнада, како и алиментација за децата, и тоа ретроактивно.

Треба да знаете
Последни објави