Search

Камбовски за уставните измени: Прво консензус, па нека ми се јават

Академик Владо Камбовски, демантира дека е ангажиран во групата експерти за предлозите за измените на Уставот поврзани со пристапните преговори со ЕУ.

За СДК вели дека никој не му се јавил да го праша за такво нешто и додаде дека за да биде ангажиран прво треба власта и опозицијата да постигнат консензус, односно прво да биде јансо дека има 80 пратеници кои ќе гласат за измените.

„Јас не знам што би работела таа експертска група. Ќе расправа и ќе испраќа предлози. До кого? Целата работа е наопаку поставена. За уставни измени треба првин да има политички консензус, согласност од парламентарните партии дека треба да се случат, во ситуацијава, за внесување на нови заедници во Преамбулата. 

Откако ќе се изгласа тој консензус, претседателот ја свикува Собраниската комисија за уставни прашања и таа почнува да заседава и да работи. Таму треба да стигнуваат предлозите. Ако на членовите на Комисијата им е потребна помош, тогаш тие одлучуваат да повикаат експерти“, изјави Камбовски.

Тој додава дека за измени на Уставот постои строго пропишана постапка и консензусот треба да биде постигнат првенствено, а дури потоа да се формира работна група.

Треба да знаете
Последни објави