Search

Времен режим на улицата „Александар Урдаревски“ во Бутел

Поради градежни активности за асфалтирање на коловозот на улицата „Александар Урдаревски“ во општина Бутел, на потегот од крстосницата со улица „Боца Иванова“ до населеното место „Кучевишка бара“, од денеска ќе биде воспоставен времен сообраќаен режим.

Како што соопштија од ЈП „Улици и патишта“ Скопје, времениот режим ќе биде обележан со соодветна сигнализација, а асфалтирањето ќе се одвива од 8 часот наутро до 14 часот попладне во едната насока, а утре во истиот временски период на другата спротивна насока.

Од ЈП „Улици и патишта“ апелираат до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на движење според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави