Search

Без вода неколку улици во Карпош и Кисела Вода, без струја дел од Волково, Арачиново и индустриската зона Илинден

Поради уличен дефект на ул.Хашка 19, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од ул.Хашка, Бањалучка, Будимпештанска, Урош Џудовиќ и дел од Женевска во општина Карпош.

Како што информира РЦУК Скопје по известување од ЈП Водовод и канализација, прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на работите.

Поради изведување на водоводен приклучок на Христо Татарчев бр.47 г, прекинато водоснабдување од 09 часот до завршување на работите ќе имаат и корисниците на потегот од раскрсницата Франк Харкорд Манинг до Христо Татарчев кружен тек, Христо Татарчев крак 2 и дел од Димо Хаџи Димов, во Општина Кисела Вода.

По известување добиено од ЕВН Македонија АД, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците на ул.бр. 70 во Волково, општина Ѓорче Петров, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, а во периодот од 08.50 до 10.30 часот корисниците од индустриската зона Илинден, како и корисниците од долен дел од с. Арачиново. 

Треба да знаете
Последни објави