Search

Стипендии од Министерството за претприемништво и туризам на Романија за академската 2023/2024

Министерството за образование и наука информира дека Министерството за претприемништво и туризам на Романија почна програма за доделување 40 стипендии за странски државјани за академската 2023/2024 година.

Апликациите за стипендии за може да се поднесуваат од 1 април до 30 јуни 2023, само во електронски формат, на мејл-адресата: burse2023@dce.gov.ro. Изборот ќе се изврши најдоцна до 31 август 2023.

Информации за овие стипендии заинтересираните кандидати можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за претприемништво и туризам на Романија: http://www.imm.gov.ro/ro/2023/03/30/acordarea-de-burse-de-studii-in-romania-pentru-cetatenii-straini-anul-universitar-2023-2024/

Треба да знаете
Последни објави