Search

Викендов променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

За време на викендот и во почетокот на работната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Како што соопшти УХМ, времето утре ќе биде ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 14 степени. 

Треба да знаете
Последни објави