Search

Хабек: Германија не смее да стане страна во војната во Украина

 Германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек денеска изјави дека Германија не смее да стане страна во војната во Украина.

По враќањето од дводневната посета на Киев, Хабек повика на претпазливост кога е во прашање поддршката за Украина, пишува Ди Велт.- Ангажманот на Германија има свои граници – не смееме да станеме страна во војната. Важно е оваа граница секогаш да се одржува, истакна Хабек.На прашањето каде лично би повлекол црвена линија кога е во прашање поддршката за Украина, тој одговори дека тоа е присуството на германски војници во земјата. 

Треба да знаете
Последни објави