Search

Тим на „Лајка“ на неколку локации во општина Кисела Вода заловува бездомни кучиња

Заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ во досегашниот тек на неделата, беше на неколку локации во општина Кисела Вода за спроведување на најавеното стратешко заловување на бездомни кучиња и нивен хуман третман, соопштија денеска од претпријатието.

– Заловувачкиот тим ги посети улицата „Христо Татарчев“, фабрика „Треска“, Расадник, О.У. „Круме Кепески“, Тефериќ и така натаму. Во останатите денови од оваа работна недела, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ ќе заловува во Шампионче, „11 Октомври“, Бирарија, Црниче, Пржино, Чешма и Припор, се појаснува во соопштението.

Дел од заловените кучиња биле плашливи и недоверливи и била потребна асистенција од ветеринарен доктор за да се седираат при заловувањето.

– Кутрињата кои се диви е потребно да се заловат со пневматска пушка, која е посебна хумана мерка и не е толку стресна кај заловувањето на овие кучиња. Доколку граѓаните од оваа општина имаат бездомно куче и сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859, 071 219 925 или нека пријават на info@lajka.com.mk, наведуваат од претпријатието.

Како што додаваат оттаму, граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот, со претходна најава.

Треба да знаете
Последни објави