Search

Сијарто: Унгарија нема да ги поддржи одлуките на НАТО кои водат до директен конфликт со Русија

Унгарија нема да поддржи ниту една одлука на НАТО, дури и оние што ќе бидат донесени на претстојниот самит на алијансата во јули, доколку тие одлуки доведат до директен конфликт со Русија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на средбата на шефовите на дипломатиите на членките на НАТО во Брисел.

Добивај вести на вибер
„Сметаме дека претходно усвоената резолуција на НАТО дека Алијансата не е вклучена во војната во Украина е фундаментална. Мораме да ја почитуваме оваа одлука и да направиме се за да избегнеме директен конфликт меѓу НАТО и Русија“, рече тој, пренесува ТАСС.

Според него, сè што отстапува од оваа позиција претставува ризик од предизвикување конфликт со Русија бидејќи НАТО ќе стане активна страна во украинската војна, што е неприфатливо за Унгарија.

„Затоа, секој предлог на самитот во Вилнус ќе го разгледаме од оваа гледна точка за да видиме дали НАТО се придржува до својата претходна одлука“, рече Сијрото на фејсбук.

Изјави дека смета дека не е моментот да се планира евентуален влез на Украина во НАТО, бидејќи тоа може да предизвика ескалација на конфликтот.

Сијарто истакна дека Унгарија ќе внимава на секое прекршување на „клучната одлука“ за немешање на НАТО алијансата во каква било борбена акција во Украина.

„Ова е наша обврска бидејќи секој директен конфликт меѓу НАТО и Русија е еднаков на почеток на светска војна и носи ризик од нуклеарна војна“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави