Search

Ковачевски: Рамо до рамо со народот ќе го победиме евтиниот популизам до победа за европска Македонија

Инфлацијата ја зауздавме, но она што сигурно остана е деструктивната континуирана омраза на опозицијата кон народот преку апокалиптични сценарија за колапс, рестрикции и недостаток на храна, рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, најавувајќи теренски активности на партијата.
-Граѓаните денеска прават разлика за тоа кој седи на страна и блокира, а кој менаџира процеси во криза. Деструктивниот, потпалувачки опозициски наратив, под секое ниво не е добар за општествеото и има само една цел – да ја уназади европска Македонија. Но ние тоа на пироманите од Левица и ВМРО-ДПМНЕ нема да им го дозволиме, рече Ковачевски.

Според претседателот на партијата, СДСМ е рамо до рамо со граѓаните и да ги разобличи промашените пропаганди, да ги трасира победничките политики и да го порази евтиниот популизам.

-Македонската држава е фактор на стабилност во регионот, претседавач со ОБСЕ и кредибилен партнер на ЕУ и САД. На иста маса, рамо до рамо со големите демократски сили. СДСМ рамо до рамо со граѓаните. Доаѓаме со јасна порака – напредокот продолжува. Големи промени очекувајте во оваа и наредната година. Економијата ќе продолжи да расте и да се развива, продолжува растот на платите и на пензиите. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднината на земјата. Ќе направиме се да го продолжиме патот кон Европа. И покрај евтиниот популизам и непромисленоста од лажните патриоти и националисти, да ги преминеме сите препреки кои ќе наидат на нашиот пат. Рамо до рамо со народот, ќе продолжиме да се бориме за подобро утре и да ја завршиме работата, затоа што тоа им го должиме на нашите деца, на сегашните и идни генерации. Рамо до рамо до победа! Победа за европска република, за европска Македонија, истакна Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави