Search

Борисов: Мора да формираме Влада за да се смири и бизнисот и народот, ќе разговарам со сите партии во парламентот

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов упати покана до сите политички партии кои влегоа во Парламентот на разговори за формирање на новата влада. Неговата партија, според официјалните податоци на Бугарската изборна комисија, освои за два отсто повеќе гласови од „Продолжуваме со промените“ на Кирил Петков.

Покрај ГЕРБ и „Продолжуваме со промените“, во новиот состав на бугарското Собрание влегоа уште четири други партии. Говорејќи пред новинарите во седиштето на партијата, тој најави дека ќе иницира разговори со сите групи во парламентот во потрагата по заедничка основа за одржлива коалиција за излез на земјата од политичката криза.

Борисов водеше три влади во последната деценија, но неговата репутација постепено падна по обвинувањата за корупциски скандали, врски со олигарси и задушување на слободата на медиумите, што предизвика протести низ земјата.

Треба да знаете
Последни објави