Search

Берлускони задржан во болница

Поранешниот италијански премиер, кој според „Форбс“ важи за најбогат човек во Италија, политичар, сопственик и основач на повеќе медиумски компании и прв човек на фудбалскиот калчолигаш Монца, Силвио Берлускони (86 г.) е хоспитализиран во Милано, објави „Кориере дела сера“.

Соопштено е дека функционерот бил хоспитализиран поради инфекција на уринарниот тракт.

Берлускони беше сопственик на ФК Милан од 1986 до 2016 година.

Во септември 2018 година, 86-годишниот Италијанец ја купи Монца и ја одведе до елитното натпреаврување Серија А.

Треба да знаете
Последни објави