Search

Откупувачите и препродавачите на овошје и зеленчук со најголем ќар, маржата на некои производи одела и до 250%

Владата вчера донесе одлука од денеска да се замрзне односно утврди највисока продажна цена на 11 прехранбени производи од програмата овошје и зеленчук.

Но она што некако остана во втор план од прес-конференцијата на министерот за економија Крешник Бектеши е разликата помеѓу цената на килограм увезени овошје и зеленчук и онаа што граѓаните ја плаќаа на пазарите и во маркетите до пред некој ден.

На одредени производи, таа разлика односно маржа изнесува и до 250 проценти.

Па така, согласно информациите што вчера беа претставени цената на еден килограм увезен домат со вклучена царина во периодот од 15-28.03 изнесувала 40,66 денари, додека просечната најзастапена цена доставена до Министерството за земјоделство до 21.03.2023 година изнесувала 138,49 денари.

Тоа е разлика од неверојатни 250 проценти.

Слично е и кај пиперката каде увозната цена со платена царина во истиот период изнесува 55,43 денари, додека најзастапена цена до 21.03 била 198,89 денари за килограм.

Огромни разлики има и во цените на карфиолот, на гравот, на краставицата каде маржата е околу 150 проценти.

Сето тоа укажува дека македонските граѓани, плаќале огромни цени затоа што и огромен дел од добивката заминувала кај откупувачите, увозниците и дистрибутерите.

Токму тие се најгласните противници на замрзнувањето на цените, додека оваа мерка во голем дел беше поздравена од страна на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави