Search

Голем одрон го затвори автопатот Скопје-Велес

На телефонскиот број за итни случаи 112 во ЦУК има дојава за одрон на делницате на автопатот Скопје – Велес, кај Бензинската „Детоил Ветерско 9“.

Од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени Регионалниот ЦУК Велес од каде што има известување дека полицијата е на лице место.

Паралелно со оваа активност оперативците ги известуваат надлежните институции за итната ситуација, конкретно Јавното претпријатие за одржување на патиштата и Македонија пат. 

– Во комуникација со раководството на јавните претпријатија, дознаваме дека во моментот две екипи од Скопје и од Велес се упатени на местото на настанот – велат од ЦУК. 

Фото: 4news.mk

Треба да знаете
Последни објави