Search

Црна Гора има нов претседател: Милатовиќ вети и го испрати Ѓукановиќ во пензија

Црна Гора има нов претседател. Кандидатот на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ (37 г.) победи во вториот круга на претседателските избори во Црна Гора и го испрати во пензија незаменливиот прв човек во изминатиоте три децении Мило Ѓукановиќ.

Според конечните прелиминарни резултати од вториот круг на претседателските избори во Црна Гора, Милатовиќ освоил повеќе од 60 отсто од гласовите.

Милатовиќ беше избран како резервен кандидат за претседател на ПЕС во трката за прв човек на Црна Гора на крајот на февруари годинава. По објавувањето на резултатите од првиот круг во кој се избори за дирекна пресметка со непобедливиот Ѓукановиќ, тој рече „дека на 2 април ќе го испрати во политичка пензија“.

Во текот на кампањата, новиот претседател на Црна Гора истакна дека негова цел е економскиот напредок на земјата, но и дека сака да биде човекот кој ќе ја внесе земјата во Европската унија (ЕУ). Кога станува збор за односите со соседните земји, Милатовиќ еднаш изјави дека би сакал првата официјална посета како претседател на Црна Гора да биде во Брисел, а втората во Белград.

За време на кампањата доживеа бројни напади, вербални и физички, а неговиот противкандидат Мило Ѓукановиќ го обвини дека е „човек од средниот век“ и „кандидат на Воислав Шешељ“ кој шири великосрпска пропаганда.

Кој е Јаков Милатовиќ ? Млад амбициозен црногорски економист кој беше министер за економија и економски развој во црногорскиот кабинет на Здравко Кривокапиќ од 4 декември 2020 година до 28 април 2022 година.

Роден е во Подгорица, каде што завршил основно и средно училиште Гимназија „Слободан Шкеровиќ“.

Основните студии од областа на економијата ги завршил на Економскиот факултет на Универзитетот во Црна Гора. Поминал една академска година на Државниот универзитет во Илиноис како американски научник, еден семестар на Универзитетот за економија и бизнис во Виена (VU Wien) како стипендист на австриската влада, една академска година на Универзитетот Сапиенца во Рим (La Sapienza) како ЕУ научник.

Милатовиќ е магистер по економија на Универзитетот Оксфорд. Тој беше стипендист на британската влада. Бил и член на германската фондација Конрад Аденауер. Течно зборува англиски, италијански и шпански.

Милатовиќ работеше во НЛБ Групацијата Подгорица и Дојче банк, Франкфурт. Подоцна се приклучи на Европската банка за обнова и развој во тимот за економски и политички анализи, а во 2019 година беше унапреден во главен економист за земјите од ЕУ, вклучувајќи ги Романија, Бугарија, Хрватска и Словенија, работејќи во канцеларијата на Банката во Букурешт.

Треба да знаете
Последни објави