Search

„Огнената група“ ја напушти седницата на Централното претседателство на ДУИ и најави дека ќе делуват како фракција

Челниците на таканареченета „Огнена група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ. Најавија дека ќе делуваат како фракција оти како што рече Блерим Беџети организациониот секретар на партијата, разликите се големи и од организациски аспект внатре во ДУИ, но и во однос на дебатата за програмските определби. Тој се пожали дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата, а се користеле тројни аршини за одредени исти и слични прашања.
Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ, посочи Беџети.

„Огнените“ заминаа посочувајќи дека не се разрешени, а седницата на Централното претседателство на ДУИ се уште трае.

Треба да знаете
Последни објави