Search

Повторно земјотрес во Штип

Земјотрес и денес бил почувствуван од населението во Штип и околината, објави Сеизмолошката опсерваторија.

Од тука велат дека потресот бил регистриран на 71 километри источно од Скопје, а потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случил во 16 часот и 21 минути со Рихтерова локална магнитуда од 2.5 степени и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, и бил почувствуван од населението.

Претходно, вчера земјотрес од 3 степени го погоди истиот регион.

Треба да знаете
Последни објави