Search

Трагедија во училиште во Панчево: Осмоодделенец се убил фрлајќи се низ прозорец додека мајка му бил кај директорот

Ученик од осмо одделение во Основното училиште „Жарко Зрењанин“ во Качарево, кај Панчево, денеска загинал скокајќи од училишниот прозорец од вториот кат, потврдија за Радио и телевизија на Србија (РТС) од Вишото јавно обвинителство во Панчево.

Соученик на починатиот С.Ф.(14), изјави дека во моментот на трагедија, неговата мајка била во училиштето и разговарала со директорот.

-Додека бевме на час тој рече дека му е лошо и побара од другарката да го отвори прозорецот, а другарката ја праша професорката по германски на чиј час бевме дали може и таа дозволи. Кога заѕвони ѕвончето за крајот на часот, тој се стрча преку училницата, бидејќи седеше сам во задната клупа до ѕидот, скокна на мала клупа и се фрли низ прозорецот. Не комуницираше со никого по телефон, бидејќи ни е забрането да ги користиме за време на часовите, изјавил соученикот.

Момчето задоцнило на часот по германски бидејќи бил кај директорот на разговор. Кога влегол во училницата бил нерасположен. Неговите пријатели раскажуваат дека наставничката му пришла и разговарала со него неколку минути, по што тој се смирил.

Едно од момчињата кое било во училницата на приземјето скокнало низ прозорецот кога видело дека С.Ф. паднал, му пришол, го повикал по име, го допрел да види дали е жив. С.Ф. рекол нешто нејасно, се обиде да се крене на раце и паднал.

Телото на момчето е пренесено во Институтот за судска медицина каде ќе се врши обдукција и токсиколошка анализа. Директорот на училиштето засега нема да дава официјални изјави.

Треба да знаете
Последни објави