Search

Шкотска со историска победа над Шпанија, Ковачиќ со два гола ѝ донесе триумф на Хрватска во Турција

Шкотска за прв пат во својата историја славеше над Шпанија и тоа без да прими гол, откако на „Хемпден парк“ резултатот беше 2:0 за домаќините, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. За Шкотска ова беше прва победа над Шпанија во последните 39 години. Црвената фурија, пак, го претрпе само вториот пораз во последните 39 евроквалификациски дуели (имаат 34 победи).

Луис де ла Фуенте е првиот шпански тренер кој го загубил својот прв натпревар на гости на чело на Шпанија по Висенте Миера во септември 1991 година (0-2 против Исланд), исто така во квалификациите за Европското првенство.

Херој на Шкотска е Скот Мектоминеј, кој постигна два гола во првиот квалификациски меч за ЕУРО 2024 против Кипар, уште во седмата минута доби одлична топка од Енди Робертсон за да го изненади Кепа Аризабалага на голот. Од почетокот на второто полувреме беше потребно речиси исто време како во првиот дел, за Мектоминеј по втор пат да донесе радост на домаќините. Играчот на Манчестер јунајтед погоди за 2:0 во 51 минута.

Додека за Шкотите клучен беше Мектоминеј, за „коцкестите“ тоа беше дуото Марио Пашалиќ-Матео Ковачиќ. Пашалиќ му асистираше на Ковачиќ во 20. минута за првиот гол, за вториот Ковачиќ да го постигне во судиското продолжение од првото полувреме по обидот на Пашалиќ. Со ова Хрватите се на врвот на групата Д со 4 поени, колку што имаат и Велс, кои со голот на Кифер Мур со 1:0 ја совладаа Летонија

Домашниот терен вечерва го искористија Велс кој минимално со 1:0 ја победи Летонија, потоа Романија која со 2:1 славеше над Белорусија, а најубедлива беше Швајцарија по триумфот од 3:0 над Израел.

На гости се радуваше Хрватскa против Турција со 2:0, а Косово киксираше и дома одигра само 1:1 против аутсајдерот Андора.

Треба да знаете
Последни објави