Тен Хаг загрижен за повредата на Сабицер

Марсел Сабицер, австрискиот интернационалец кој како позајмен играч настапува во Манчестер Јунајтед, имаше проблем со коленото на тренингот на репрезентацијата и мораше предвреме да ја заврши сесијата. Тој барем неколку дена ќе се справува со болки во пределот на ногата и ја пропушти победата на Австрија од 2-1 над Естонија.
Кашемиро отслужи само еден натпревар од казната од четири натпревари, додека играчите од средниот ред Кристијан Ериксен и Дони ван де Бек се повредени.

Во таа ситуација, Сабицер потенцијално би бил стартер доколку биде подготвен, но не е јасно дали неговата состојба ќе му дозволи да игра во моментов.

Доколку Сабицер не е подготвен да игра за „црвените ѓаволи“ против Њукасл во недела, дуото Скот Мектоминај и Фред би можело да биде единственото решение во средниот ред за Ерик Тен Хаг.

Треба да знаете
Последни објави