Груби ќе го тужи Лефков: „Ако има криминал тука сум, не се кријам како вас“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.

„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за тоа што го зборува, рече Груби.

Тој додаде: „Ако има криминал тука сум, не се кријам како вас“.

Вицепремиерот Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот и ќе имаат и тие дел во изградбата на автопатите.

„Се надевам дека новите ветришта кои дуваат во ВМРО ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера која владее во нивната партија“, посочи тој.

Левков претходно го обвини Груби за местење на тендер за коридорите и за тоа дека треба да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои се тендерирани се за фирма загубар да може да го добие тендерот.

Треба да знаете
Последни објави