Search

Ултранационалистичкиот министер Бен-Гвир се согласи на одложување на реформите во правосудството во Израел

Ултрадесничарската партија Еврејски сили денеска објави дека нејзиниот лидер Итамар Бен-Гвир, министер за национална безбедност, се согласил да и дозволи на владата да го продолжи рокот за спроведување на планот за реформи во правосудството.

Рокот е до следната седница на Кнесетот (парламентот) на Израел на почетокот на мај, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе може да го спроведе планот преку преговори со опозицијата.

Во замена за согласноста на Бен-Гвир, Нетанјаху се согласи да формира цивилна национална гарда која се очекува да ја подобри јавната безбедност. Формирањето на гардата, наводно, ќе биде одобрено на претстојниот состанок на владата. Гардата ќе биде контролирана од министерството на Бен-Гвир.

Тој се закани дека ќе ја напушти владата доколку Нетанјаху го одложи спроведувањето на планот, што ќе го загрози опстанокот на коалицијата на власт. 

Треба да знаете
Последни објави