Search

Мијатовиќ апелира британските пратеници да не го изгласаат новиот закон за миграција

Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ денеска го повика британскиот Парламент да ја спречи Владата да воведе нов закон за борба против илегалната имиграција, нагласувајќи дека тоа создава „јасна и директна спротивност“ со основните стандарди.

– Од суштинско значење е пратениците да го спречат усвојувањето на законот, што не е во согласност со заложбите на Обединетото Кралство кон меѓународното право. Донесувањето на законот ќе придонесе за веќе значителниот пад на заштитата на бегалците, барателите на азил и мигрантите, истакна Мијатовиќ.

Според британската Влада законот е потребен за да се спречи пристигнувањето на мигрантите кои патуваат со мали чамци, главно од Франција до Велика Британија, и да се спречат мрежите за трговија со луѓе. 

Треба да знаете
Последни објави