Search

Лога за девет предмети ќе бара екстрадиција на Груевски

Ново барање за екстрадиција на експремиерот Никола Груевски ќе биде упатено од министерот за правда, Кренар Лога. Тој посочи дека со писмото до Унгарија, каде што Груевски е азилант, ќе ги убедува тамошните власти дека осудениот ќе биде сместен во соодветни услови како во притворот така и во затворот, каде што треба да издржува затворски казни во согласност со пресудите за предметите од СЈО.

„За девет предмети треба да одговара пред домашните судови. Ќе побарам уште еднаш екстрадиција на Груевски. Во делот на писмото ќе биде наведено дека ќе биде преместен во хашките ќелии како во притворот така и во затворот. Сметам дека тоа ќе биде прифатено за унгарските власти, односно дека ќе бидат исполнети сите законски обврски“, рече Лога.

Освен за Груевски, екстрадиција е побарана и за ексначалникот на Петтата управа во МВР, Горан Грујовски, и за неговиот соработник Никола Бошковски од Управата за безбедност и контраразузнавање. Двајцата се гонат за случајот „Таргет – Тврдина“.

„Мојот став е кажан и на средбата со амбасадорката на Република Грција, ние уште еднаш бараме екстрадиција на лицата за еднаш засекогаш да ја добијат соодветната правда за нив, но и сите почитувања на правната држава да бидат остварени не само на хартија туку и вистински“, додава Лога.

Треба да знаете
Последни објави