Search

Белен – Бегај: Дијалогот меѓу Косово и Србија е единствениот начин за решавање на проблемите

Претседателот на Австрија Александар Ван дер Белен, на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, изјави дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е приоритет и посочи дека се свесни дека без договор не можат да бидат
дел од ЕУ.

Тој им честиташе на Белград и Приштина за постигнатиот договор во Охрид за нормализација на меѓусебните односи.

Ван дер Белен истакна дека верува оти тоа може да биде камен-темелник во процесот на нормализација на односите меѓу Белград и Приштина.

– Како што знаете, всушност беше направен еден вид договор, но без официјален потпис на учесниците. Сепак, ова е дефинитивно пристап во овој процес кој не треба да се потцени. Дијалогот меѓу овие земји е секако тежок, но и двете земји се свесни дека без договор од двете страни, нема да имаат иднина кон Европската унија, рече Белен, пренесува АТА.

И Бегај рече дека „целосно се убедени дека дијалогот е единствениот начин за решавање на проблемите меѓу Република Косово и Република Србија“.

– За Албанија, Косово е од приоритетно значење, на вчерашната средба со премиерот Албин Курти разговаравме опширно за процесот на постигнатиот договор во Европската унија и за анексот на овој договор во Охрид. Договорот го поздравивме и повторувам дека несогласувањата се решаваат со дијалог. Во никој случај, под никакви околности, како претседател на Република Албанија, не би прифатил на Косово да има Република Српска, а колку што знам, не е поддржана ниту од САД, што е стратешки наш партнер. Важно е да се воспостави мир меѓу Косово и Србија, да се решат споровите за почитување на малцинствата и да се работи напорно за регионот да се интегрира во ЕУ и да има поголем просперитет за луѓето кои живеат во регионот, подвлеч Бегај. 

Треба да знаете
Последни објави