Search

Кривична пријава против тетовчанец за бесправно градење

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ф.Т.(46) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Во текот на 2020 година, пријавениот во својство на инвеститор, на влез за село Гајре, без да поседува одобрение за градба од надлежен орган од општина Тетово, изградил бетонска плоча наменета за станбена зграда, со што узурпирал државно земјиште со површина од 1050 метри квадратни.

Треба да знаете
Последни објави