Search

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени

Ковачевски да излезе и да го покаже документот колку пратеници од СДС не му се потпишале дека ќе гласаат уставни измени.

Ковачевски треба да каже дали откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени за пратеници од СДС кои не се согласуваат со политиките за уставни измени, тој ги свикал на групна координација, при што побарал да потпишаат и документ дека ќе безусловно ќе поддржат уставни измени, до што не дошло затоа што споменатите пратеници не се согласиле.

Залудно е префрлањето на топката во туѓ двор, кога Ковачевски не може да си го среди својот. 3 пратеници од 1 и 2 ИЕ му кажале дека нема да поддржат Уставни измени, а 6 пратеници од внатрешноста констатирале дека гласањето на уставните измени е најлошата работа која може да ја направат.

Ковачевски знае дека ниту неговите пратеници нема да поддржат уставни измени и затоа е нервозен.

Иста е состојбата и во ДУИ, каде еден пратеник барал пари за да гласа.

И СДС и ДУИ движат кон ќорсокак и затоа нервозата од ден во ден се повеќе расте.

Треба да знаете
Последни објави