Search

Српски цариници во шок: Откриле жена скриена под хаубата, завиткана во партали

Цариниците открија неверојатна глетка на српскиот граничен премин Градина, кога ја отвориja хаубата на автомобил „пежо“, чиј што сопственик, пријавил дека нема ништо за царинење.

– Неверојатна сцена синоќа на „Градина“. Цариниците ја отвориле хаубата на автомобилот и здогледаa жена скриена меѓу моторот и радијаторот – објави српската Царина на својот Инстаграм профил.

На фотографијата се гледа жена, која го крие лицето, како седи свиткана под хаубата на возило. Вистинско чудо е како успеала да се сокрие во тој дел од автомобилот.

Српската полиција извести дека станува збор за обид за незаконско внесување мигрант во Србија.

Треба да знаете
Последни објави