Search

Филаделфија загуби кај шампионот, шокантен пораз за Далас

Богатата НБА вечер со десет натпревари, донесе неколку интересни мечеви, имаше претежно очекувани резултати, а најголема причина за задоволство имаа навивачите на Мемфис гризлис, ЛА Лејкерс и Голден Стејт вориорс.

Дербито беше во Сан Франциско, каде Голден стејт ја победи Филаделфија со 120-112, и тоа благодарение на добрата игра во последната четвртина која Вориорс ја доби со 41-24. Минатата сезона Џордан Пул беше X фактор на „воините“ при освојувањето на титулата, оваа година е крајно неконстантен, но кога е на своето ниво, дури и феноменалната игра на Џоел Ембиид (46 поени, девет скока, осум асистенции) не е доволно за да се совладаат шампионите.

Пул постигна 33 поени, Стеф Кари додаде 29, а Клеј Томпсон имаше 21 за Вориорс, кои сакаат по секоја цена да го избегнат плеј-офот и директно да се пласираат во плеј-офот.

Иако Лука Дончиќ стгина до своите стандардни 34 поени во дуелот против Шарлот, сепак, тимот на Далас неочекувано падна во криза во најважниот дел од сезоната и загуби трет меч по ред. Конечните 109:117, се произворд на рано стекнатата предност на Хорнетс која ја одржаа до крајот.

Поразот од Голден Стејд од пред некоја вечер очигледно оставил горчлив вкус, па Далас не успеа да се справи ни со тимот кој нема во моментов резултатски амбиции. Шарлот постигна 37 поени во првата четвртина што беше знак за лоша одбрана на домаќинот, што се одрази на остатокот од дуелот. Со 38. пораз во сезоната, Далас остана на 11 позиција на западот и е во ситуација да се плаши за пласман во плеј офот на осум меча до крајот на сезоната. Веќе утре тимот игра во Шарлот и ќе бара резултатска рехабилитација.

Мемфис со победата од 151-114 над Хјустон, обезбеди место во плејофот, а во оваа ефикасна игра на Гризлис, се истакна Лук Кенард со 30 поени, сите со шутеви од далечина, што е клупски рекорд, а постави и НБА рекорд. Кенард погоди дури 10 тројки од 11 обиди, и стана првиот во историјата на лигата што погодил десет тројки со над 90 проценти реализација.

Лос Анџелес лејкерс без Леброн Џејмс, го совлада Оклахома Сити тандер со 116-111, и првпат сезонава дојде на 50 проценти. Езерџиите имаат по 37 победи и порази, и сега се во добра ситуација за да влезат во разигрувањето за титулата, им се насмевнува место барем во плеј-ин, ако не директно во плејоф.

Треба да знаете
Последни објави