Search

Ковачки до Петровска:Излезете и кажете дали уапсените оперативци во Косово истражувале повеќегодишен шверц од страна на припадници на мисијата таму?

Фејсбук статус на Драган Ковачки, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

„Почитувана министерке за одбрана, го изгледав Вашето интервју на 360 степени, па чувствувам должност да одговорам:

Прво, за обидите за моја лична дискредитација: Не се сметам за министер за одбрана во сенка. Јас сум пратеник во Собранието на РМ, а колку сум успешен ќе ценат граѓаните, не Вие.

Вие сте дел од извршната власт и треба да одговарате пред нас пратениците, а не обратно.

Второ, за тоа дека сте сигурна во Вашето тврдење дека станува збор за измислен настан со приведувањето на оперативците, станете и кажете и’ на македонската јавност зошто криете и дали приведените припадници на военото разузнавање биле да истражуваат повеќегодишна појава на шверц на акцизна и друга роба од страна на припадниците кои се на мисија во Косово?

Кој ги селектираше и ги прати тие лица на Косово, Вие или некој друг?

До толку сте неспособни што поради партиско-криминални интереси дозволивте да се изгуби авторитетот во одбраната и секој да прави што сака и за тоа да не одговара. Сега откако цела АРМ знае за недозволените активности, решивте да ја ангажирате воената служба за безбедност да Ви ја покрива Вашата неспособност.

Зошто барате да Ви го покажам документот дека двајца оперативци кои биле пратени на Косово и дека биле приведени заради сомнителни активности, кога и сама знаете дека документот е класифициран и јас не би можел да го поседувам бидејќи вашите служби напишале дека сум бил НЕПОДОБЕН за безбедноста на државата. (?!)

Трето, станете и кажете колку време знаете за оваа појава и зошто сте неспособни да ја сузбиете истата и зошто тие што требало тоа да го сузбијат ги наградивте со девизни плати? Дали затоа што ги злоупотребивте и наместо да се борат со криминалот, вие успешно ги насочивте кон ВМРО-ДПМНЕ?

До каде отиде Вашата забеганост, да барате информации за тоа кој во каква облека спортува на кејот на Вардар?

Брука.

Се срамам што сум дел од времето во кое се распаѓа македонската одбрана под егзибиционизмот на Шекеринска и Славјанка Петровска.

** Делот од Вашето интервју каде ја објаснувате борбената готовност на АРМ нема да го коментирам, нека Ве ценат Вашите потчинети?

Треба да знаете
Последни објави