Search

Четиринаесетгодишник со „пежо“ кај Арнакија се судрил со „рено“ управувано од тинејџер, кој избегал по сообраќајката

На 24.03.2023 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „рено” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „пежо” и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември”.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави