Search

Партизан го „здроби“ Олимпијакос, Хезоња со осум тројки го „уништи“ Виртус

Белградски Партизан направи голем чекор кон пласман во плејофот од кошаркарската Евролига, откако го декласираа лидерот Олимпијакос со 90:75 во 30. коло од елитното клупско натпреварување. Користејќи ги поразите од Валенсија и Жалгирис, Партизан го подобри скорот на 17-13, израмнувајќи се со Макаби Тел Авив на шестото, односно седмото место.

Партизан ја презеде контролата на мечот во втората четвртина, по што само ја зголемуваа предноста до крајот на мечот. Кевин Пантер и Џејмс Нанали имаа по 17 поени за тимот на Жељко Обрадовиќ, додека Данте Егзам додаде 15. Кај Олимпијакос, Шек Меккисик имаше 21 поен.

„Супер“ Марио Хезоња беше незаприлив во Болоња, за да ги предводи Реал Мадрид до голема 96:79 победа над Виртус Болоња, ставајќи крај на домашните надежи за чудо за пласман во плејофот. Марко Белинели блескаше за Виртус со 26 поени, од кои шест тројки, но Хрватот Хезоња беше уште подобар со 26 поени и 8 тројки од 11 обиди. Гершон Јабуселе имаае 24 поени за да помогне за победа на Реал, кои имаа доминантен старт со 23:6 и немаа проблеми со домашниот тим.

ЕВРОЛИГА, 30.КОЛО
Фенербахче – Жалгирис 87:79 (22:16, 24:19, 19:20, 22:24)
Монако – Валенсија 90:79 (22:22, 26:19, 23:23, 19:15)
Виртус Болоња – Реал Мадрид 79:96 (12:26, 21:24, 25:18, 21:28)
Партизан – Олимпијакос 90:75 (27:22, 21:12, 12:18, 30:23)

Треба да знаете
Последни објави