Шкупи му посака добредојде на Арслан

 Фудбалерите на македонскиот фудбалски шампион Шкупи од денес ќе работат под водство на новиот тренер Џихад Арслан. Турскиот фудбалски стручњак во Чаир доаѓа по ракинувањето на соработката меѓу чаирчани и тренерот Седловски.

– Постигнавме договор со еден од најпознатите тренери во турскиот шампионат, Џихад Арслан, кој во текот на својата кариера го предводеше еден од најпознатите тимови на турската Суперлига, Башакшехир. Вреди да се напомене дека Арслан го предводеше тимот на Акисар, кој потекнува од мал град, со кој тимот се натпреваруваше и во Лига Европа. Токму добрите настапи и учеството во групите од Лига Европа и многу други успеси во турскиот фудбал се препорака за негов ангажман. Го пречекуваме и Февзи Лајиќ, кого го гледаме како член на нашето сино-бело семејство, кој ќе биде дел од стручниот штаб на нашиот тренер. Се надеваме дека заедно повторно ќе постигнеме големи успеси, стои во соопштението на Шкупи.

По 22 натпревари во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи е на второто место со 42 бода, четири помалку од лидерот Струга.

Треба да знаете
Последни објави