Стоилковски: За ВМРО-ДПМНЕ дефиницијата за семејството е јасна-заедница на еден маж и една жена кои споделуваат грижа за децата

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање не коментираше за предлог Zаконот за родова еднаквост:

-Законот за родова еднаквост не е влезен во собраниска процедура и сега не би можеле да коментираме полу информации. Сепак, за ВМРО-ДПМНЕ дефиницијата за семејството е јасна.
Семејството како заедница на еден маж и една жена кои споделуваат грижа за децата е природна форма на заедница. Не постои вистинска алтернатива на семејството. Во семејството се очовечува детето. Семејството има исклучително важна функција во општеството. И семејството како фундамент на општеството мора да ужива посебна заштита, рече Стоилковски.

Треба да знаете
Последни објави