Search

Светската атлетика ќе ги исклучи трансродовите жени од женските натпреварувања

Светската атлетика одлучи да ги исклучи трансродовите жени кои поминале низ машки пубертет од женските натпревари, јави Скај Њуз.

Претседателот на телото, лордот Себастијан Коу, рече дека е преземена „одлучна акција“ за „да се заштити женската категорија во нашиот спорт“.

Лордот Коу на прес-конференција во Монако рече: „Советот се согласи да ги исклучи трансродовите спортисти кои од мажи станале жени а поминале низ машки пубертет, од натпреварувањата за светско рангирање на жените, почнувајќи од 31 март.

– Во јануари, Светската атлетика соопшти дека се консултира со федерациите-членки за предлогот за промена на правилата за учество на трансродовите жени во женски натпреварувања. Прашањето е трнливо бидејќи спортот се обидува да постигне рамнотежа помеѓу инклузивноста и осигурување дека никој нема неправедна предност, појасни тој

Треба да знаете
Последни објави