Мурињо постави ултиматум до раководството на Рома

Трофејниот фудбалски стратег Жозе Мурињо кој сега го предводи италијанскиот калчолигаш Рома, сака што поскоро да одржи состанок со сопствениците на „римската волчица“ за да се реши неговата иднина, пишува „Кориере дело Спорт“.

Актуелниот договор на Мурињо со Рома е до јуни 2024 година, но неговото име често се поврзува со други клубови како ПСЖ, Реал Мадрид, Челзи и други.

Италијанскиот весник тврди дека Мурињо сака што поскоро да го реши прашањето за својата иднина и тоа ќе зависи од амбициите на Рома. Португалскиот фудбалски стручњак сака да остане во римскиот клуб, но сака и клубот да покаже поголема амбиција кога се во прашање трансферите.

Ултиматумот на Мурињо е да се донесат три засилувања. Централен бек, играч за врска и напаѓач на местото на Абрахам, кој најверојатно ќе си замине во летниот преоден рок.

Финансискиот фер плеј е проблем за Рома и затоа е нејасно дали клубот ќе успее да ги исполни желбите на Португалецот. зс/

Треба да знаете
Последни објави