Барселона сака да се раздели со Циндриќ предвреме

Според последните информации од Шпанија, Барселона ќе го раскине договорот со хрватскиот ракометен репрезентативец, Лука Циндриќ на крајот од сезоната. Причината за предвремената разделба на на Барселона со поранешниот играч на македонските тимови Металург и Вардар се ноговите чести повреди.

Спортскиот директор на Барса, Давид Баруфет во една прилика рече дека Циндриќ повеќе време поминува на собен велосипед отколку на паркет. Алудирајќи на тоа дека Хрватот постојано е повреден и во процес на рехабилитација.

Циндриќ во Барса пристигна од Кјелце во 2019 година. Со каталонскиот клуб двапати ја освои Лигата на шампионите.

Актуелниот договор на Циндриќ со Барселона трае до 2025 година, па сигурно ќе добие и добро обесштетување за раскин на договорот.

Треба да знаете
Последни објави