Search

УЕФА одобри знаме со карта на „Голема Унгарија“ во евроквалификациите

Унгарската фудбалска федерација (МЛСЗ) соопшти денеска дека добила дозвола од УЕФА и организацијата ФАРЕ да го користи знамето на таканаречената „Голема Унгарија“ на натпреварите од квалификациите за ЕУРО2024.

Во соопштението се наведува дека МЛСЗ побарала мислење од УЕФА и ФАРЕ, која се занимава со борба против дискриминација во фудбалот, околу знамето со карта на „историска“ Унгарија,

Унгарската федерација објави дека навивачите ќе можат да ги користат овие знамиња на трибините, бидејќи УЕФА и ФАРЕ оцениле дека не станува збор за политички симбол.

На знамињата е исцртана карта која ја претставува територијата на поранешна Унгарија, чии делови денес се наоѓаат во границите на Србија, Словенија, Романија, Украина, Хрватска, Словачка и Австрија.

Унгарија во евроквалификациите е во група со Србија, Црна Гора, Бугарија и Литванија.

Треба да знаете
Последни објави