Search

Променливо облачно со умерен ветер од северен правец

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Од четврток и во следните денови времето ќе биде стабилно, сончево и топло.

Треба да знаете
Последни објави