Search

Нема ништо од спектаклот:Мечот Фјури-Усик откажан

Спектакуларната пресметка на двајцата владетели на шампионските појаси во тешка категорија, Тајсон Фјури и Олександер Усик сепак нема да се одржи, иако првично беше договорена за 29 април на „Вембли“. Прекинати се преговорите за борба за апсолутен првак во тешка категорија , објави ЕСПН.

Двајцата шампиони договорија суперспектакл во кој Усик попушти на барањата на Фјури за распределба на парите, па Британецот требаше да добие 70 отсто од заработката наспроти 30-те отсто за Украинецот. Арно ама, иако начелно сѐ било договорено, Фјури имал нови барања, по што пресметката е откажана.

Во оваа прилика се огласи и Алекс Красјук, промоторот на Усик, кој објасни зошто се повлекле од преговорите:

„Причината е затоа што отиде предалеку. Чувствувавме дека откако Усик се согласи на поделба 70/30, Фјури сакаше да го седне и да го јава како коњ. Тоа не е фер. Мислам, Усик прифати поделба 70/30. Беше лојален и ја сакаше таа борба. Борбата не е за Тајсон Фјури туку за појасот ВБЦ што го има. Тајсон се обиде да ја избегне оваа борба и ставаше толку многу пречки за таа да се случи“, изјави Красјук.

Покрај тоа, Красјук и Френк Ворен (промотер на Фјури) разговараа во живо на talkSPORT и имаа интересен дијалог по што Красјук рекол – „комедијата конечно е завршена – кукавиците се полекоа“.

Ворен: „Единствено што слушнав од него беше официјален мејл во кој напиша дека Усик и неговиот тим се повлекуваат од преговорите“. Клаузулата за реванш може да биде тешка работа бидејќи Тајсон веќе еднаш ја потпиша против Вајлдер, а го блокираше и мечот против Ентони Џошуа. Знаете зошто ја сакаат таа клаузула? Затоа што двапати се големи пари. Тие пари нема да ги добие од Филип Хрговиќ, Џо Џојс и Даниел Дубоа“.

Красјук: ”Усик се согласи на поделба 70/30 затоа што сакаше борбата да се случи. Но, не се работи за Тајсон Фјури, туку за ВБЦ појасот што тој го има. Исто така, би сакал да му се заблагодарам на Френк и на другите што направија се што е во нивна моќ, што го направивме и ние. Не е тој виновен, тој направи се што можеше”

Ворен: „Нема да преговараме преку радио. Алекс и јас сме пријатели, сè уште верувам дека оваа борба може да се направи и се обидувам да се погрижам секој да го добие она што го заслужува.

Красјук: „Од наша перспектива, борбата нема да се одржи на 29 април. Можеби ќе се случи чудо, но јас сум искрен и не играм игри. Кампот на Усик заврши“.

Фјури има скор од 33 победи и едно реми, а Усик има скор од 20-0

Треба да знаете
Последни објави