Search

Си Џинпинг: Пекинг е непристрасен за Украина и го поддржува мирот и дијалогот

Кинескиот претседател Си Џинпинг на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин рече дека Пекинг има непристрасен став за конфликтот во Украина и дека го поддржува мирот и дијалогот, пренесува руската државна новинска агенција РИА.

Си истакна дека разговорите со лидерот на Кремљ биле отворени и пријателски.

Тој рече дека Кина е на вистинската страна на историјата по прашањето за Украина. Вели дека неговата влада е за активно помирување и секогаш за мир и дијалог.

Си Џинпинг ги спомна трговските односи меѓу Русија и Кина на ист начин како Путин. Тој вели дека фокусот ќе биде ставен на растот на три области: трговија со енергија, трговија со суровини и трговија со електроника.

Треба да знаете
Последни објави