Search

„Каква пазарна економија сакаме?“, месечно обраќање на актуелна тема на Стопанската комора

Со обраќање на тема „Каква пазарна економија сакаме?“ на Зоран Јовановски, потпретседател и советник за макроекономски прашања и јавни финансии во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора, денеска Комората почнува со месечни обраќања на актуелна тема.

-Целта е да се актуелизираат одредени теми кои што се од интерес за бизнис секторот, на јавноста да ѝ се понуди нешто ново, свежо и различно, но и да се испратат конкретни пораки до носителите на економските политики за клучните приоритети во државата, велат од Стопанската комора.

Во месечните обраќања, додаваат,  ќе може да се слушнат ставови на врвни бизнисмени и лица со експертиза и висока репутација во општеството, кои доаѓаат од редовите на Комората, но и надвор од неа.

Треба да знаете
Последни објави