Search

Француската влада го „преживеа“ гласањето недоверба во парламентот

 Француската влада денеска со мало мнозинство го „преживеа“ гласањето недоверба во собранието.

За недоверба на француската Влада гласаа 278 пратеници, а за усвојување на тој предлог беа потребни уште девет гласа – 287.

Гласањето дојде откако Долниот дом на парламентот минатата недела ја усвои непопуларната реформа на пензискиот систем, со која минималната возраст за пензионирање ќе се зголеми од 62 на 64 години.

Треба да знаете
Последни објави