Search

Конференција „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија” во организација на ПЦПО

Конференција на тема „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна – Вестфалија” ќе се одржи денеска со почеток во 15:00 часот во хотел „Хилтон” во Скопје во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.

На конференцијата е предвидено да се обратат Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Ото Граф, времен вршител на работите во Амбасадата на Сојузна Република Германија во Скопје,  Борис Георгиевски, уредник на македонската редакција на Дојче Веле, како и Александар Љ. Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави