Search

Институтот за војна: Руското темпо се намалува, Путин се плаши

Во неделниот извештај, Институтот за проучување на војната вели дека можната украинска контраофанзива во близина на Бахмут предизвикува зголемена загриженост за Русија.

„Темпото на руските офанзивни операции низ бојното поле е забавено во последниве недели, што сугерира дека пролетната офанзива на Русија во Донбас можеби се приближува кон својата кулминација.

Украинските власти посочија дека значителните руски загуби во близина на Вуледар сериозно ја попречуваат способноста на руските сили да спроведат понатамошни офанзивни операции во регионот на Доњецк.

Рускиот претседател Владимир Путин ја искористи својата прва посета на Мариупол за да се прикаже себеси како инволвиран воен лидер поради стравувањата од можна идна украинска контраофанзива во јужна Украина“, пишува Институтот.

Треба да знаете
Последни објави