Search

„Старата дама“ го освои „Џузепе Меаца“

Јувентус ја освои „Џузепе Меаца“ во „Дербито на Италија“ совладувајќи го Интер со 1:0, и си ги врати надежите дека на крајот од првенствената трка во фудбалската калчолигашка конкуренција може да стигне до пласман во Лигата на шампионите и покрај казната која ја заработи од 15 негативни бодови. Сега „старата дама“ има седум бода помалку од четвртопласираниот Милан, кој е на последната позиција што носи настап во елитното европско клупско натпреварување.

Филип Костиќ беше стрелец на победничкиот гол за Јуве. Србинот успеа да ја затресе мрежата на „нероаѕурите“ во 23.минута.

Интер по овој пораз го загуби второто место и сега е третопласиран, со 21 бод негатива во однос на лидерот Наполи.

Треба да знаете
Последни објави