Search

Несреќа на Копаоник: Загинаа момче и девојка на моторни санки

Во текот на ноќта на Копаоник се случи трагедија кога две млади лица загинаа додека возеле моторни санки. Несреќата се случила кога младиот Драган В.(39) и Ирена Р.(35) излетале со санки од патеката и се превртеле.

Како што дознава „Блиц“, две девојки биле во кафулето „Грин“ на Караман Гребен до затворањето на локалот. Потоа прашале дали некој може да ги повезе. Се јавиле две момчиња кои биле со санки.

Драган В. од Александровац ја зел Ирена Р.од Нови Сад, по што се превртеле по околу педесетина метри.

-Беа во кафулето , не се познаваа. Се сретаа таму и девојката го замолила со моторна санка да ја спушти до подножјето на планината. Се качиле на санката и на еден превој, таканаречена скокалница, најверојатно паднале од санката затоа што возеле пребрзо – вели изворот на „Блиц“.

Како што дознаваме, телото на мажот било пронајдено на околу 20 метри од санката, а санката била врз телото на девојката.

Причината за смртта ќе биде утврдена на обдукцијата. Се претпоставува дека имале бројни скршеници и крварење.

Телото го пронашле вработени во планинската спасувачка служба кои случајно минувале и повикале полиција.

Настрааните давале знаци на живот, спасувачите се обиделе да ги реанимираат , но не успеале да ги спасат.

Според упатените, оваа несреќа се случила на необележан дел од патеката

Треба да знаете
Последни објави